ЕлЏи развиваат нов фаблет од висока класа

од Vladimir Zorba
147 прегледи
ЕлЏи и Сони ја пропуштија намерно единствената шанса да реализираат премиера на нов паметен телефон од висока класа на СМК 2015 во Барселона. Наместо тоа, двете компании ја одложија нивна презентација во подоцнежна фаза од годината и допрва ќе следиме како оваа стратегија ќе влијае на нивните позиции во овој сегмент од пазарот. Шефот на мобилната дивизија на корејскиот гигант, Чо Џун веќе потврди пред медиумите дека долгоочекуваниот ЕлЏи Џи4 нема да е единствениот модел од висока класа, кој ќе го очекуваме од нив во 2015 година, соопштува GforGames.LG_phablet-curved_vpegtv
Последните податоци откриваат дека компанијата планира да претстави на пазарот фаблет со името Џи4 Ноут. ЕлЏи веќе го патентирале на свое име тој трговски бренд и како што името насочува, можеме да очекуваме уред со голем екран, што најверојатно ќе вклучува и поддршка за игла. Сеуште не располагаме со детали за техничките спецификации на Џи4 Ноут, но ќе биде интересно да видиме дали екранот ќе има заоблена форма.
ЕлЏи веќе потврдија дека оваа иновација ќе има се посилно присуство во нејзиното портфолио и се очекува Џи4 исто така да понуди сличен форм фактор. Официјалното претставување на Џи4 Ноут ќе ја заостри конкуренцијата меѓу најпопуларните фаблети на пазарот и ќе се натпреварува директно со модели како Самсунг Галакси Ноут 4.