„Елегантно“ разрешување на Христовски? Славјанка Петровска за спојувањето на АНБ и АР

од Илинка Илиоска
297 прегледи

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, изрази сомневање дека владејачкото мнозинство наскоро ќе иницира закон за спојување на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР). Според неа, ова би можело да биде начин за „елегантно“ разрешување на директорот на АНБ, Бојан Христовски, поради контроверзиите поврзани со неговото назначување.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Петровска изјави дека, иако власта нема капацитет за ефикасно спроведување на вакво структурно спојување, под притисокот на случајот со Христовски, може да ја забрза постапката.

Слични содржини