Електричен автомобил на „Нио“ падна од третиот кат на салон, има жртви (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Кинескиот производител на електрични автомобили „Нио“ соопшти дека две лица загинале кога едно од неговите возила паднало од третиот кат на неговото седиште во Шангај. Во несреќата загинале еден член на персоналот и едно лице од партнерската компанија.

Инцидентот се случил во средата околу 17:20 часот по локално време, соопшти компанијата. Загинатите биле во возилото кога истото паднало од зградата.

Од „Нио“ соопштуваат дека веднаш покренале истрага за инцидентот во соработка со владини претставници. Областа на третиот кат од каде падна автомобилот е поинаку опишана – како изложбен простор, простор за тестирање или паркинг.

Нашата компанија соработуваше со Одделот за јавна безбедност за да иницира истрага и анализа на причините за несреќата. Врз основа на анализата на ситуацијата на местото на настанот, првично можеме да потврдиме дека се работи за несреќа (не е предизвикана од возило), се вели во соопштението на компанијата.

„Многу сме тажни поради оваа несреќа и сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до семејствата на нашиот колега и партнер вработен кои го загубија животот. Формиран е тим за помош на семејствата“, се додава.

Слични содржини