Електричен BMW M3 наречен iM3

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Првиот електричен BMW M3 ќе пристигне во 2027 година, се развива под кодното име ZA0, а во продажба би можел да се најде под името BMW iM3.

Имено, BMW неодамна поднел апликација за заштита на името „iM3“ и кај германскиот и кај Европската канцеларија за патенти.

Ваквото име ќе обезбеди јасна разлика помеѓу електричниот M3 и бензинската верзија.

Според Френк Вебер, член на одборот на BMW одговорен за развој, целосно електричниот iM3 се планира да се појави во продажба во 2027 година. Овој модел ќе биде конструиран со архитектурата Neue Klasse.

Тој откри дека оваа платформа може да прими четири мотори со потенцијал да испорача до 1000 kW/1360 КС. Иако точната излезна моќност за iM3 сè уште не е позната, се очекува да ја надмине онаа на моделот SUS.

Некои извори споменаа потенцијална моќност од околу 700 КС пред неколку месеци. BMW M всушност се очекува да понуди неколку варијанти на електричните модели M3 и M4 со различна излезна моќност.

Слични содржини