Dutch Savage Rivale го претстави Coastrunner, лесен електричен автомобил во баги стил.
Coastrunner е дизајниран за четири лица, неговата должина е 3660 mm, ширина 1670 mm, висина 1477 mm, меѓуоскино растојание е 2513 mm, а растојанието од подлогата е 215 mm.
Во срцето на Coastrunner е алуминиумска просторна рамка, надворешните облоги се направени од лесен композитен материјал, додека покривот е направен од ткаенина.
Вратите и страничните прозорци не се обезбедени, но има два багажници (250 + 60 литри).
Со тежина од само 800 килограми, Coastrunner се напојува со електричен мотор со 50 kW/68 КС и 200 Nm, максималната брзина е 120 km/h, се вози на задните тркала, а со едно полнење на батеријата од 20 kWh, опсегот е од 180 до 200 км.
Како опција се нуди мултимедијален таблет, држачи за спортска опрема и бројни опции.
Цената не е спомната во ибформацијата на „Carscoops“.