Електричен GAC Aion Hyper SSR

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Aion е бренд на електрични возила во рамките на кинеската компанија GAC, која сега официјално го понуди својот прв електричен хиперавтомобил, Aion Hyper SSR.

Автомобилот е долг 4538 mm и широк 1988 mm, има каросерија од јаглеродни влакна, кабина со две седишта, правоаголен волан, како и медиумски систем со 14,6-инчен екран и 8,9-инчен дигитална табла.

Автомобилот има 900 kW/1224 КС и 1230 Nm, при што основната верзија забрзува до 100 km/h за 2,3 секунди. Овој модел во Кина чини 1.286.000 јуани (168.765 евра).

За 1.386.000 јуани (181.890 евра) ја добивате верзијата SSR Speed, која достигнува 100 km/h за 1,9 секунди.

Во зависност од верзијата, опсегот со едно полнење на батериите од 75 kWh според фабричките тврдења е до 506 km (според кинескиот CLTC стандард).