Електричен Jidu Robo-01

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Jidu Auto (55% од акциите се на Baidu и 45% на Geely) го претставува електричниот Robo-01, кој ја користи платформата SEA (Sustainable Experience Architecture) на Geely.

Овој кросовер е долг 4853 mm, широк 1990 mm, висок 1611 mm и со меѓуоскино растојание од 3000 mm. Дополнително, Robo-01 има коефициент на отпор од Cd 0,249.

Robo-01 има два лидари (напред и назад), 12 камери, 12 ултразвучни сензори и пет радари, а компанијата најавува дека во иднина ќе ја донесе автономијата на четврто ниво.

Robo-01 има погон на четири тркала и два електромотори (по еден на секоја оска) со вкупна моќност од 400 kW/544 КС, додека забрзувањето до 100 km/h трае 3,9 секунди.

Со едно полнење на батерии од 100 kWh, досегот е 600 km.

Во внатрешноста има еден широк екран од 35,6 инчи, а возилото има пет седишта и волумен на багажникот од 555 литри (1528 литри со преклопени задни седишта).

За почеток, се предвидува серија Robo-01 Lunar Edition од 2.000 автомобили, со цена од 55.000 долари. Автомобилите ќе бидат испорачани во првата половина на 2023 година.