Електрична Honda N-VAN e по цена од 15.500 долари

од Vladimir Zorba

Honda Motor Co. ќе започне да го продава своето долгоочекувано електрично комбе во октомври, со цени почнувајќи од 2,44 милиони ¥ (15.500 долари). Ова враќање на јапонскиот пазар на електрични возила е дел од стратегијата на Honda да го зголеми уделот на електрични и водородни возила во продажбата на 40 проценти до крајот на оваа деценија.

Новиот модел „N-VAN e“ ќе може да помине 245 километри без полнење, а ќе се произведува во четири варијанти. Според јапонскиот производител, овие верзии ќе преминат од едносед до четирисед. Наменет е за доставувачи или градежни компании, но и за луѓе на кои им е потребен дополнителен багажен простор.

Времето на полнење е четири и пол часа со брзина од шест киловати и 30 минути на режимот за брзо полнење.

Цената „ќе биде прифатлива за обичните луѓе“, рече Норијуки Такакура, потпретседател на јапонскиот оддел на компанијата. Тој додаде дека автомобилот ќе биде уште поевтин поради субвенциите.

Honda е решена да се движи кон електрификација на производството и покрај падот на побарувачката за електрични возила. Некои од најголемите производители, како што се Ford Motor Co., General Motors Co., Volkswagen AG и Tesla Inc., ги променија проекциите за продажба во последните месеци.

„Иако сме сведоци на промена на светските пазари за електрични возила, сепак има земји како Тајланд каде што продажбата е силна“, рече Такакура. „Не ја сменивме целта за постигнување јаглеродна неутралност“, додаде тој.

Тестовите на комбето пред презентацијата ги направи компанијата Yamato Transport Co. Honda и Mitsubishi Corp. ја основале компанијата ALTNA Co., преку која ќе соработуваат на електрични возила. Целта е да се оптимизираат трошоците за производство и да се развие капацитетот на батеријата. Двете компании ќе поседуваат 50 отсто од акциите.

Слични содржини