Електричниот AIM EV Sport 01 на фестивалот на брзина во Гудвуд

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Спортскиот двосед е придвижуван од два електромотори со вкупно 490 КС, додека литиум-јонските батерии од 81 kWh.

Поранешниот шеф за дизајн на Nissan, Широ Накамура беше задолжен за изгледот.

Автомобилот е долг 390 cm, широк 190 cm, висок 120 cm, меѓуоскиното растојание е 240 cm, а тежината е 1425 kg.

Тркалата се 20 инчи, а гумите се 235/35 ZR20 и 275/30 ZR20.

Внатрешноста има две спортски седишта, Alcantara, контролна табла обложена со кожа и дигитална инструмент табла која исто така ја прикажува сликата од камерите што ги заменуваат ретровизорите.

Јапонската компанија сè уште работи на развој на автомобилот и планира втора верзија пред крајот на оваа година (најверојатно со повеќе од 600 КС).

Планирано е производство на помала серија, а наскоро овој автомобил ќе и биде претставен на европската публика на фестивалот на брзина во Гудвуд.