Неговото име е BYD Seagull, а се уште не е познато дали ќе се нуди надвор од домашниот пазар.
Станува збор за градски автомобил со пет врати, чија должина е 3780 mm и нуди простор за четири патници.
Електричниот мотор произведува 75 КС и 135 Nm, што обезбедува забрзување до 50 km/h за 4,9 секунди. Почетната верзија со батерија од 30 kWh има деклариран опсег од 305 km според стандардот CLTC или 405 km кај поскапите верзии со батерија од 38 kWh.
Електричниот систем може да се полни со моќност до 30 kW или 40 kW кај верзии со поголема батерија. Со други зборови, половина час е доволно за полнење од 30 до 80% капацитет.
Стандардната опрема вклучува додатоци како што се камера за рикверц и сензори и темпомат, додека системите за безбедносна помош се достапни со дополнителни трошоци.
Гаранцијата на автомобилот е 6 години или 150.000 км.
Ако на се ја додадеме почетната цена од 78.800 CNY или 10.400 евра, или 12.700 евра за топ верзијата, јасно е дека многумина на Запад имаат причина за грижа, пишува Индекс.
За потсетување, BYD веќе најави дека за неколку месеци на европскиот пазар ќе донесе два модели, Dolphin и Seal.