Електричниот Fisker Pear се појави на видео

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Американски Fisker веќе некое време подготвува нов основен електричен автомобил наречен Pear (акроним за „Personal Electric Automotive Revolution“) со најава дека неговото производство треба да започне на почетокот на 2024 година.

Според претходните информации, Pear ќе стартува во САД по цена од 29.900 долари.

Спецификациите сè уште не се објавени, иако Fisker вели дека Pear ќе биде „дигитално поврзан, компактен урбан EV со пет патници“.

Судејќи по ваквата најава и прилично агресивната цена, звучи како марката да цели на истиот пазар како и Volkswagen ID.3. Автомобилот на тизер сликите изгледа како компактен кросовер. Како што се очекуваше, Pear ќе усвои некои стилски знаци од својот поголем брат, споделувајќи ја истата заоблена предна, кратка хауба и рамен заден дел.

Засега е познато само дека Pear ќе се нуди со суспензија и погон на четири тркала, како и со неколку верзии на батерии, меѓу кои и Hyper Range варијанта со автономија од околу 500 километри.

Меѓу другото, автомобилот ќе добие SolarSky покрив со соларни панели.

Fisker, исто така, предвидува производство на 250.000 единици од автомобилот годишно во фабриката Foxconn во Охајо.