На фотографијата погоре го гледате најновиот, трет модел на брендот HiPhi од кинеската групација Human Horizons, кој најверојатно ќе има премиера на салонот во Шангај во април.
Во средината на 2019 година, кинескиот производител за прв пат го претстави електричниот SUV модел HiPhi X, а потоа и електричниот седан HiPhi Z.
HiPhi Y доаѓа наскоро, иако некои кинески медиуми пишуваат дека неговото комерцијално име би можело да биде HiPhi V.
Како и да е, моделот е долг 4938 mm, широк 1958 mm и висок 1658 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2950 mm.
Обликот на новиот модел е помалку радикален од X и Z, а што се однесува до некои спецификации, засега е познато дека има 247 kW/331 КС.
Податоците за батериите и опсегот допрва доаѓаат, а тоа важи и за цената на овој новитет.