Електричниот Maserati Grecale Folgore (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
190 прегледи

На минатогодишната премиера на моделот Grecale, Maserati најави дека неговата целосно електрична верзија ќе биде понудена подоцна, а сега компанијата официјално го претставува Grecale Folgore, нејзиниот втор електричен модел, на саемот во Шангај.

Очекувано, ова ќе биде директен конкурент на идниот електричен Porsche Macan.

Grecale Folgore има два електромотори со вкупно 410 kW/558 КС и 820 Nm вртежен момент, кои достигнуваат 100 km/h за 4,1 секунда, додека максималната брзина е 220 km/h.

Претходно беше најавено дека автомобилот ќе има литиум-јонски батерии од 105 kWh (од 20 до 80 од капацитетот се полнат за 29 минути), додека автономијата е околу 500 km по WLTP циклус.

Автомобилот е долг 4865 mm, широк 1948 mm, висок 1651 mm, меѓуоскиното растојание е 2903 mm, додека тежината е 2480 kg. Во зависност од верзијата, тркалата се од 19 до 21 инчи.

Премиерата на салонот во Шангај ја покажува важноста што Кина ја има за Maserati, а извршниот директор на Maserati, Давиде Грасо, истакна дека ова е многу важен момент за италијанскиот бренд.

Со електричниот Grecale, Maserati очекува да ја зголеми продажбата ширум светот, а пред се во Кина.

Што се однесува до плановите за електрификација, Maserati претходно најави додавање електрични верзии на сите модели во својата гама до 2025 година. Италијанскиот производител потоа планира постепено да ги укине моделите со SUS мотори до 2030 година за да стане целосно електричен бренд.

Секој модел на Maserati во иднина ќе има електричен пандан. Електричните модели на Maserati ќе бидат дел од палетата Folgore, што е ознака на производителот на автомобили за нивните EV модели.