Електричниот Skywell Q претставен во Париз – забрзува до „стотка“ за 3,9 секунди

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Иако продажбата на хечбек возила е намалена во многу делови од светот поради се попопуларните компактни кросовери, кинеската компанија Skywell на салонот во Париз претстави прилично интересен електричен модел.

Станува збор за нов модел наречен Skywell Q, кој ќе биде достапен со две различни батерии, но нивниот капацитет се уште не е познат. Она што е познато е дека главната батерија ќе обезбеди автономија од 482 километри со едно полнење. Сите модели на Skywell Q доаѓаат стандардно со еден електричен мотор кој ги придвижува предните тркала и развива 204 КС.

Овој електричен хечбек забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,9 секунди, иако некои се сомневаат во тоа поради неговата моќност и погон на предните тркала. Сепак, се ќе се знае веднаш по првите испораки.

Автомобилот е опремен со DC технологија за брзо полнење, а потребни се само 20 минути за полнење на батеријата од 10 до 80 проценти капацитет.

Визуелно Q изгледа убаво, со димензии 4.297 mm должина, 1.836 mm широчина и 1.536 mm височина, предната табла е агресивна и се карактеризира со LED светлосна линија и затемнета долна решетка и мали вертикални летви директно зад лаковите на предните тркала, слични на Porsche Taycan.

Други интригантни дизајнерски елементи ги вклучуваат страничните прегради и заднен дифузер, кој се чини дека е направен од имитација на ковани јаглеродни влакна. За аеродинамиката придонесуваат и бандажи со капаци кои ја подобруваат ефикасноста, а одзади има LED линија.

Внатрешноста е прилично минималистичка, но се чини дека е добро опремена. Автомобилот има голем панорамски стаклен покрив, адаптивно амбиентално осветлување, портокалови детали и голем инфозабавен екран од 15,6 инчи. Skywell обезбеди и звучен систем Metz со осум звучници, како и мал екран на допир за патниците на задните седишта.

Повеќе информации за достапноста и цените се очекуваат во наредниот период.

Слични содржини