Eлектричните автомобили на „Ауди“ ќе се движат со соларни батерии

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Тенките соларни батерии ќе се појавуваат на некои модели “Ауди”. Тие ќе бидат монтирани во структурата на стаклените панорамски кровови на автомобилите, раскажува претставник на компанијата производител пред странските медиуми.

Енергијата што се создава од сончевите батерии, ќе влегува во електричниот систем на возилото. Таа може да напојува пример клима или да ги загрева седиштата. Развојот се создава заедно со сестринската фирма на кинескиот концерн Hanergy.

Се претпоставува дека овие батерии ќе го зголемат времетраењето на движење. Планирано е првиот прототип на батериите да биде готов до крајот на годината.