Електричните автомобили на „Фолксваген“ се продаваат фантастично, но никој не се радува

од Vladimir Zorba
3,9K прегледи

Германскиот бренд ја изгуби водечката позиција од „Тесла“, но ја врати бидејќи американскиот производител не се справуваше баш најдобро оваа година. Сепак, Германците сè уште имаат сериозен проблем, а тоа се однесува на профитот.

Првиот квартал покажува дека Фолксваген е цврст лидер во сегментот на електрични возила со повеќе од 65.000 продадени единици и раст од неверојатни 157 проценти. Од друга страна, „Тесла“ се бори со тешкотии и е во пад од речиси 40 проценти.

Иако компанијата со седиште во Волфсбург сега продава повеќе електрични автомобили од кога било досега, тоа не значи дека се расположени за славење. Имено, производството на секој електричен автомобил чини во просек 7.800 евра повеќе, а плаг-ин хибрид 5.000 евра повеќе, отколку автомобил со мотор со внатрешно согорување.

Значи, иако сметките покажуваат дека германската компанија е повторно на вистинскиот пат и продава повеќе електрични автомобили, таа сè уште не заработува повеќе пари. Маржата по продадена единица на моделите „ID“ е навистина проблем, бидејќи нивните електрични автомобили не генерираат доволно профит.

Арно Антиц, финансискиот директор на брендот, се осврна на ова прашање во неколку наврати, но сега признава дека електричните автомобили ѝ предизвикуваат ужасни загуби на компанијата. Антиц истакнува дека треба да ги намалат трошоците за производство и да ја зголемат профитабилноста на моделите со нулта емисија.

Како што е добро познато, најскапата компонента кај електричните автомобили е батеријата. Без оглед на нејзината големина, капацитет или хемиски состав, тој сочинува 40 проценти од вредноста на еден електричен автомобил.

Германскиот бренд е посветен на зголемување на профитот по продадена единица, иако нивната идеја е да ги изедначат маржите помеѓу електричните и автомобилите со бензински и дизел мотори до 2026 година, а тоа бара производство на сопствени батерии.

Слични содржини