ЕЛЕМ: Поради хаварија, исклучена е термоелектраната Битола 2

од Vladimir Zorba
111 прегледи

timthumb

Поради хаварија на склопка во 6 kV постројка термоелектраната Битола 2 попладнево е исклучена од електроенергетскиот систем на Република Македонија.

Се очекува TE Битола 3 да биде приклучена на електроенергетскиот систем најдоцна до крајот на денешниот ден, додека соодветно на однапред утврден гантограм на активности Битола 1 ќе биде вклучена во текот на утрешниот ден.

АД ЕЛЕМ сите неопходни количини од електрична енергија за потребите на домаќинствата и субјекти на регулираниот пазар ги испорачува од сопствените производни капацитети.