Елен малтретирала 11-годишно дете, го навредувала и понижувала

од Stefanija Kuzmanovska

По скандалозните обвинувања за токсичната атмосфера на работното место и злоупотребата на работниците на работното место, уште едно обвинување ѝ се припишува на познатата водителка Елен Деџенерис – навредувала и малтретирала единаесетгодишно момче.

Според британскиот „Мирор“, еден од соговорниците на овој медиум раскажал како Елен уживала во тоа да се однесува злобно кон неговиот син Бен пред четириесет години, пред да стане позната. Тоа го потврди и самиот Бен, кој денес има педесет и две години. Тој се сети како Елен, која тогаш работела за неговата мајка во агенција за вработување, сурово се шегувала на сметка на неговата прекумерна тежина.

„Елен постојано ја критикуваше мојата облеката и мојата тежина. Таа се шегуваше, но тоа беше злобно. Ми велеше дека сум грозен и дебел. Исто така ми зборуваше дека сум глупав. Јас бев само дете, и таа возрасна жена која уживаше да ме гледа вознемирен“, рече тој.

Бен исто така додаде за споменатиот медиум дека „не постои извинување“ за вакво нешто и дека Елен, како што рече, е „едноставно злобна личност“.

Елен во моментов се соочува со сериозни обвинувања за вознемирување при работа, поради што е покрената официјална истрага против неа, продуцентите и нејзиното шоу.

Слични содржини