Елена Петрова стапи на функцијата дополнителен заменик-министер за финансии

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова денеска стапи на функцијата, а добредојде ѝ посакале министерот за финансии Фатмир Бесими и заменикот-министер за финансии Филип Николовски.

Министерството за финансии во објава на својата веб страница информира дека Бесими денеска одржал состанок со Николоски и Петрова на која и посака добредојде и успех во работата.

„Ова е прв состанок по конституирање на новата техничка Влада кој помина во конструктивна атмосфера и на кој се разговараше за процесите што се одвиваат во министерството за финансии и плановите кои се пред нас“, соопшти МФ.

Составот на новата техничка влада, која ќе ја предводи земјата до изборите закажани за 8 мај, беше изгласан вчера од Собранието, а во неа согласно законските прописи во министерството за финансии се назначува дополнителен заменик-министер.

Слични содржини