Елитни руски хакери нападнале мрежи на неколку германски политички партии

Наводниот обид за напад се случил една година откако Германија протера 50 руски дипломати

од Бети Божиноска
197 прегледи

Елитни хакери поврзани со руските разузнавачки служби минатиот месец нападнале мрежи на неколку германски политички партии во обид да украдат податоци, соопштија денеска од германската Агенција за сајбер безбедност и истражувачите на „Алфабет“, сопственикот „Гугл“.

Од „Алфабет“  велат дека нивната сајбер-единица открила дека хакерската група позната како APT29, за која западното разузнавање вели дека дејствува во име на руската Агенција за надворешно разузнавање (СВР), се обидела да ги измами „клучните германски политички фигури“ да отворат е-пошта маскирана како покана за вечера организирана од Христијанско-демократската унија, објави „Ројтерс“.

Наводниот обид за напад се случил една година откако Германија протера 50 руски дипломати со цел, наводно, „да го намали присуството на руските разузнавачки служби во Германија“.

Слични содржини