236
Британската кралица Елизабета Втора од 2 до 5 јуни годинава ќе го одбележи платинестиот јубилеј – 70 години на британскиот трон.
Настанот ќе го следат 16.000 улични забави низ Англија, а Кралските совети ширум Англија објавија дека добиле „голем број апликации“ од граѓани кои сакаат да учествуваат на прославата на 70-годишнината од стапнувањето на британскиот трон, пренесува лондонскиот дневен весник Гардијан.
Во текот на викендот, неколку кралски совети низ Англија се откажаа од административните такси за затворање патишта, а на 4 јуни во Мерсисајд ќе се одржи улична парада, на која ќе настапат играчи, тапанари и акробати, како и локални ученици.