Елмас: Одиме на Европско да се докажеме, да успееме да победиме и да освоиме што е можно повеќе бодови

од Vladimir Zorba

Елиф Елмас, играчот на Наполи и еден од најзначајните фудбалери на нашата репрезентација, изјави дека Македонија ќе оди во Букурешт по добра игра и освојување на бодови.

„ Фокусиран сум само на Македонија и нашиот настап на Европското првенство. Ова е животна желба и сон на секој фудбалер. Добро знаеме против кого играме, ги почитуваме противниците, но нашата цел е јасна, одиме на Европско да се докажеме, да успееме да победиме, и да освоиме што е можно повеќе бодови. Да докажеме дека сосема заслужено се пласиравме на овој собир. Оптимист сум и секогаш се надевам на позитивни резултати. Максимано сме подготвени, заедно со селекторот се надеваме дека ќе успееме да забележиме уште поголеми резултати, само здравје да не служи. Се зависи од нас”, вели Елиф Елмас.

Слични содржини