Во светските медиуми како бомба одекна веста дека Eлон Маск, најбогатиот човек на светот, ја купил социјалната мрежа Твитер за 44 милијарди евра, а во нашата јавност после тоа се појави уште еден, поблизок до нас.
Имено, компанијата Tesla Motors во сопственост на Маск се обратила до новосадскиот производител на минерална вода Minaqua за барање соработка, што за порталот Biznis.rs го потврдила Татјана Малбаша од оваа компанија.
„Да, Tesla писмено го изрази својот интерес за соработка со нашата компанија, што би вклучило и стекнување на дел од компанијата“, изјави Малбаша за Biznis.rs.
Според неа, српската компанија сериозно ќе ја разгледа понудата, бидејќи нејзини акционери се вработените и нивните семејства, како и странски партнер, но секако се подготвуваат примероци од вода за испраќање до Tesla Motors.
Инаку, директорот на компанијата Minaqua за медиумите изјави дека Tesla стапил во контакт со уште неколку компании во Европа кои имаат вода со природен јод и дека повеќе детали ќе бидат познати за неколку недели.