404
Познатиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд се во центарот на светското внимание поради конфликтот и судските спорови кои ги водат, а ситуацијата дополнително ја зачини и милијардерот Елон Маск.
Сето ова не би било интересно доколку Елон не беше поранешен партнер на Амбер Херд. Маск го искажа својот став на Твитер.
– Се надевам дека и двајцата ќе можат да продолжат понатаму. Во своите најдобри изданија, двајцата се неверојатни луѓе – напиша тој во објавата.
Не е познато кога точно Маск ја започна врската со Амбер, но Џони Деп беше остар кон него, обвинувајќи го дека во неговата куќа имал тројка со Амбер и Кара Делвињ.
Херд во тоа време сè уште беше во брак со актерот.