Извршниот директор на компанијата „Тесла“, Елон Маск, на 8 мај за првпат ќе биде водител на популарната американска емисија „Saturday Night Live“. Мајли Сајрус ќе се појави како музички гостин, а ова ќе биде нејзино шесто гостување во ова шоу.
Веста беше објавена кратко време откако патничката капсула на Маск Crew Dragon успешно слета на Меѓународната вселенска станица. Ова е исто така првпат приватна компанија (SpaceX, сопственост на Маск) да испрати вселенски брод со екипаж во вселената. Преземен е важен чекор за иднината на индустријата за комерцијално патување во вселената.
Своето гостување го најави вчера на Твитер.
Am hosting SNL on May 8
— Elon Musk (@elonmusk) April 25, 2021
Појавувањето на Маск на SNL ќе се случи неколку дена откако неговиот син X Æ A-Xii ќе го прослави својот прв роденден (4 мај).