Елтон Џон изјави дека го делеле само 24 часа од смртта по операцијата на рак на простата што ја имаше во 2017 година.
Музичарот зборуваше за својата борба и опиша се во книгата „Јас“, која наскоро ќе биде објавена.
„Дејли мејл“ дошол до одредени делови од книгата во кои Елтон опишал дека при рутински лекарски преглед му бил дијагностициран рак на простата. Во тој момент тој донел одлука да не оди на хемотерапија, но сакал да биде опериран и со тоа морал да откаже голем број концерти кои ги имал закажано.
Работата да биде уште полоша, по операцијата добил инфекција, која буквално можела да го чини живот.
– Имав многу среќа. Лекарите му кажале на мојот сопруг дека 24 часа ме делеле од смртта. Да останев на турнејата уште еден ден, сега немаше да бидам тука – навел Елтон Џон.