Популарниот британски поп музичар Елтон Џон ќе настапи на 23 септември во Белата куќа.
На јужниот дел од тревникот на Белата куќа ќе биде поставен голем шатор наменет за најавениот настан. Поканети се околу 2.000 гости, а на концертот ќе присуствуваат „оние кои секојдневно креираат историја“, а меѓу нив ќе има лекари, просветни работници, студенти, активисти за правата на ЛГБТ заедницата итн.
Белата куќа ќе биде домаќин на британскиот музичар Елтон Џон, кој ќе одржи концерт за „прославување на обединувачката и обновувачка моќ на музиката“.
Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил ќе ја пречекаат британската музичка поп легенда. Најавено е дека Бајден и неговата сопруга ќе одржат говор.
Елтон Џон ќе настапи во Белата куќа на вечерата наречена „A Night When Hope and History Rhyme“, а концертот ќе биде пренесуван на неколку телевизиски станици.