Елтон Џон предупреди на изгубената генерација во британската музичка индустрија, поради зголемените трошоци за организирање концертни турнеи во Европа и поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Џон е еден од музичарите, заедно со Ед Ширан и Роџер Вотерс, кои во јануари потпишаа писмо во кое го критикуваат договорот за „Брегзит“.
„Во моментов сме во ситуација да изгубиме генерација талент поради големи пропусти во владиниот трговски договор“, напиша Џон на Инстаграм.
Договорот меѓу британската влада и ЕУ, кој стапи на сила на почетокот на годината, веќе не гарантира британски музичари да патуваат без визи. Џон минатиот месец разговараше за тоа со министерот за „Брегзит“, Дејвид Фрост.
„Новите и младите уметници нема да можат слободно да патуваат низ Европа, што е клучен дел од нивното образование и развој, поради високите цени на визите, АТА карнетите и различните дозволи“, напиша тој.
„И покрај претстојната катастрофа, се чини дека владата не е во можност или не сака да го поправи проблемот и се занимава со обвинување на ЕУ, наместо да најде начин за излез од овој хаос“, додаде легендарниот пејач.