Елтон Џон ја заврши својата маратонска проштална турнеја – повеќе од 50 години на сцена, речиси 4.600 концерти

од Vladimir Zorba
443 прегледи

Еден од најпопуларните кантавтори на сите времиња, Елтон Џон, во саботата вечерта ја заврши својата маратонска проштална турнеја во Стокхолм со еден од неговите најголеми хитови – Goodbye Yellow Brick Road.

76-годишниот музичар им порача на своите милиони обожаватели дека ќе останат во неговата „глава, срце и душа“.

Во спектакуларната кариера долга 50 години, тој изведе 4.600 шоуа низ светот и освои пет Греми награди.

„Живеев за да ви свирам на вас, вие бевте мојот живот, вие бевте апсолутно величествени“, рече тој на публиката во шведската Теле2 Арена.

Тој им оддаде почит на неговиот сегашен бенд и екипа, од кои некои се на турнеја со него долги години.

„Тие се навистина неверојатни и најдобри, ви велам, најдобри“, рече Сер Елтон Џон.

Последниот концерт од прошталната турнеја беше отворен со Bennie and the Jets и продолжи со многу други хитови, меѓу кои и Philadelphia Freedom, Tiny Dancer, Rocket Man и Candle in the Wind.

Тој ја започна својата проштална турнеја во Северна Америка во 2018 година, а ова беше негова втора вечер на настапи во Стокхолм.

Турнејата го опфати целиот свет – тој свиреше пред повеќе од шест милиони фанови, а еден од најважните моменти беше неговото појавување на фестивалот Гластонбери минатиот месец.

Концертот забележа од најголемите посети во историјата на фестивалот, а милиони во Британија го гледаа на телевизија.

За време на концертот во Стокхолм беше прикажана видео порака на благодарност од групата Колдплеј, кои во исто време настапуваа во друг шведски град Гетеборг.

„Има толку многу бендови и уметници на кои сте им помогнале и инспирирале. Те сакаме, Елтон“, изјави Крис Мартин, пејачот на Coldplay.

Тоа беше, исто така, една од концертните турнеи со најголема заработка на сите времиња: магазинот „Билборд“ напиша дека тоа е првата турнеја која генерирала 900 милиони долари само од продажба на билети.

Кон крајот на концертот, Елтон на публиката им раскажа за неговите „52 години чиста радост свирејќи музика“.

Потврди дека „никогаш повеќе нема да оди на турнеја“, но може да направи „еднократна работа“ во иднина.

„Сакам многу повеќе да се посветам на семејството, синовите, сопругот, сите. Го заслужив тоа“, рече тој.

Тој го посвети својот голем хит Don’t Let The Sun Go Down On Me на бендот, екипата и семејството.

Концертот траеше повеќе од два часа.

Слични содржини