Ем не разбираат, ем се мешаат во политика- експертска анализа за претседателските избори во САД

од desk3
90 прегледи

По теророт во Париз и Сан Бернардино, надворешната политика стана важна изборна тема во САД. Кандидатите за претседателска номинација на републиканците се обложуваат на решителна слогани. Само што тие се многу неуки на оваа тема-анализира DW

kandidati

Надворешната политика и политиката за безбедност – во моментов во САД тоа најчесто се дискутира меѓу кандидатите на Републиканската партија за претседател. Според експертите сепак, тие немаат дури и минимална надворешнополитичка компетентност. “Досега ниту еден од кандидатите не прави впечаток дека разбира многу од надворешна политика”, вели Констанца Штелценмјулер од институтот “Брукингс” во Вашингтон.
Експертката сепак гледа познат потенцијал кај младиот сенатор од Флорида Марко Рубио. “Доналд Трамп и Бен Карсон сепак блескаат со” бескрајно незнаење “на тема”, вели Штелценмјулер. При тоа во САД надворешната политика стана најважната тема по нападите во Париз и Сан Бернардино, истакнува таа.

Конгресот на ХДЗ – тест за Меркел!

“Надворешната политика игра многу важна улога од сите други предизборни битки од 1980-та година”, вели Лауренс Хас од “American Foreign Policy Council”. Своевремено трката меѓу Џими Картер и Роналд Реган помина во знакот на геостратешки мерење на сили со Советскиот Сојуз.
Стравувањата на Американците

Денес жителите на САД се загрижени претежно од теророт на т.н. “Исламска држава” и од крвавиот хаос на Блискиот Исток. “А колку повеќе стравови негуваат Американците, толку поголема улога ќе игра надворешната политика”, вели Лауренс Хас. Констанца Штелценмјулер гледа и други причини поради кои републиканците се фокусираа на надворешната политика: “Администрацијата на Обама се бори со проблеми, за кои едноставно нема реално конечна одлука. Тестирани беа различни варијанти и во меѓувреме владее некоја немоќ.”. А тоа, според Штелценмјулер, доведува до силни слогани во предизборната борба од типот на: “Ако дојдам на власт, ќе го раскинеме договорот со Иран” или “Ако бев претседател, јас ќе ја бомбардирам масовно Сирија!”.
При секоја можност Доналд Трамп не пропушта да повторува како сакал да ја израмни со земјата т.н. “Исламска држава” и нејзините терористички ќелии. Тед Круз пак зборува за “масовни бомбардирања”. Слични искази им се допаѓаат на гласачите – особено кога се поврзани и со поддршка за Израел. Но секој претседател, кој ќе дојде на власт, брзо ќе утврди дека постојат сериозни забелешки против слични лошо обмислени практики.

Врв на серијата популистички провокации на Доналд Трамп беше неговиот предлог за изрекување на забрана за муслиманите да патуваат во САД. “Тој го користи стравот на Американците од теророт и го следи републиканскиот мисловен модел во однос на миграциската политика. Ова не е надворешнополитичка позиција, туку дел од миграциската политика на републиканците”, вели Лауренс Хас. Според Констанца Штелценмјулер, Доналд Трамп за уште еднаш докажува дека е “бескрупулозен популист со фашизоидни склоности”. Иако сите негови изјави се крајни сепак, и Доналд Трамп не стигнува толку далеку да инсистира за испраќање на копнени воени сили во Сирија. “Во таа смисла републиканските кандидати се поблиску до реалноста, бидејќи тие знаат дека Американците нема да ја прифатат оваа идеја”, вели Констанца Штелценмјулер.

Речиси сите надворешнополитички експерти во Вашингтон се согласуваат дека Доналд Трамп нема “значајна стратегија”, туку води “рефлексна надворешна политика”. Тед Круз, кој, според анкетите, е најсилниот конкурент, исто така не ги убедува со ништо аналитичарите. “Во минатото тој го искористи договорот за нуклеарната програма на Иран и го претвори во прашање на опстанок за Израел”, вели Констанца Штелценмјулер. Што се однесува до исламистите, тој сака да ја кутне ИД со воздушни напади. “Во однос на Русија, пак, од Круз, како и од повеќето републикански кандидати се дочуја само површни и конечно беспомошни предлози. Повеќето републикански кандидати не се свесни дали треба да го одвраќаат Путин, или треба да склучат договор со него”, нагласува Штелценмјулер
По примерот на Реган ли?
Факт е дека ниту еден од републиканските кандидати ја нема подобноста и искуството на Хилари Клинтон. Но Штелценмјулер и Хас сметаат дека сенаторот Марко Рубио дава повод за надежи. “Марко Рубио има барем долгогодишно искуство како сенатор, патувал многу во светот и во Сенатот се занимавал со суштински прашања”, вели Констанца Штелценмјулер.
Поранешниот претседател Роналд Реган е пример за подражавање на голем дел од кандидатите на републиканците. Своевремено Реган го искористи поимот “Империја на злото”, алудирајќи на поранешниот Советски Сојуз. Но неговата надворешна политика не се ограничи на идеолошка агитација. “Многумина републиканци, кои денес го цитираат Реган, воопшто не се свесни дека неговата надворешна политика беше проследена од многу добра дипломатија”, нагласува Констанца Штелценмјулер.