386
Регулаторот за лекови на Европската унија во четвртокот го одобри лекoт против Ковид-19 на Фајзер за лекување на возрасни лица изложени на ризик од сериозната болест, додека Европа се обидува да го зајакне својот арсенал за борба против варијантата омикрон.
Условното одобрување на Европската агенција за лекови (ЕМА), кое како и обично, го следи Европската комисија, им дозволи на земјите-членки на ЕУ да го воведат лекот откако регулаторот даде упатства за негова итна употреба кон крајот на минатата година.
Италија, Германија и Белгија се меѓу ретките земји од ЕУ кои го купија лекот наречен Паксловид.
Во декември САД веќе го одобрија истиот лек, но и сличниот лек на Мерк, Молнупиравир.