ЕМА ќе одобри уште четири вакцини против корона?

од Nikola Popovski
344 прегледи

Се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да одлучи дали ќе препорача уште четири вакцини против коронавирус, вклучително и оние произведени од Кина и Русија, да бидат одобрени во Европа до крајот на годината.

Шефот на одделот за стратегија за вакцинација при ЕМА, Марко Кавалери, вели дека агенцијата во моментов ги разгледува резултатите од вакцините произведени од германската фармацевтска компанија КјурВак и американската компанија Новавакс, пренесува агенцијата АП.

Кавалиери рече дека разговорите со кинеските и руските производители на вакцини се „конструктивни“, но дека се потребни повеќе податоци.

Службениците на Агенцијата планираат да разговараат за дозите на вакцини со двете компании во наредните недели.

Претходно оваа година, КјурВак соопшти дека нејзината вакцина е помалку од 50 проценти ефикасна, додека Новавакс рече дека нејзината вакцина е околу 90 проценти ефикасна.

Новавакс рече дека прво ќе побара одобрување за нејзината вакцина за земјите во развој и дека нема да се фокусира на Европската унија или пазарот во САД.

Слични содржини