Ема Стоун стана мајка

од Vladimir Zorba
480 прегледи

Холивудската актерка Ема Стоун (32), која ја маѓепса публиката во филмот „Ла Ла Ленд“, стана мајка.

Имено, Ема и нејзиниот сопруг, комичарот Девен МекКари (35), добиле дете во саботата, на 13 март, и сè уште не е познато дали парот добил ќерка или син, пишува ТМЗ.

Не е изненадувачки што за породувањето на Ема се дозна многу подоцна и дека полот на бебето е сè уште непознат, бидејќи актерката го крие животот од јавноста, па ја криеше долго и бременоста.

Ема и Девен се запознаа во 2016 година на снимањето на шоуто „Saturday Night Live“, каде тој работеше како сценарист и режисер, а таа беше гостинка во емисијата.

Врската започна во октомври 2017 година, а тие се верија пред нешто повеќе од една година. Иако планираа голема венчавка, Ема и Девен рекоа „да“ во тајност во септември, а пријателите потврдија дека парот ја официјализирал врската.

Како што го криеше раѓањето, бременоста, Ема долго време не сакаше да и покаже на јавноста дека е во врска со комичар. Таа на крајот попушти и во јануари 2019 година го донесе на филмските награди САГ, а подоцна беа видени на кошаркарски натпревар на Л.А. Клиперс.

Слични содржини