Љубовната приказна на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон со години ја интригира јавноста. Последниве денови повторно е во фокусот, откако француските медиуми објавија дека Брижит наводно физички го нападнала претседателот – вест која не е потврдена официјално, но предизвика многу реакции. Без оглед на актуелните шпекулации, нивниот однос одамна е предмет на интерес – не само поради големата разлика во години, туку и поради начинот на кој нивната љубовна приказна започна и опстана со децении.
Од професорка до прва дама
Сè започнало во 1992 година во Амиен, кога тогаш 16-годишниот Емануел Макрон ја запознал 24 години постарата професорка по литература – Брижит Троње. Таа тогаш била мажена и мајка на три деца, но нивната врска полека се развивала и покрај бројните пречки и осуди од околината.
По гласините што кружеле во училиштето, Брижит поднела оставка и се повлекла од наставничката кариера. Сепак, останала во контакт со Емануел. Во 2006 година, се развела од сопругот Андре-Луј Озиер и се преселила во Париз за да биде со Макрон. Една година подоцна, во 2007, тие стапија во брак во малиот град Туке. Оттогаш, Макрон често изјавува дека нивната љубов е посилна од сите предрасуди и пречки.
Без заеднички деца – со полно срце
Иако се во брак веќе 16 години, Емануел и Брижит Макрон немаат заеднички деца. Во неодамнешното гостување во француската емисија Au Tableau, претседателот отворено зборуваше за оваа тема.
„Тоа беше мој личен избор. Брижит веќе имаше три деца кога се запознавме. За мене беше најважно да ги сакаме и воспитаме добро“, рече Макрон.
Тој додаде дека денес има седум внуци преку децата на Брижит и дека се чувствува исполнето. „Не жалам што немам свои биолошки деца. Јас ги сакам нејзините деца и внуци како да се мои. Постојат многу облици на семејство, но секој од нив треба да биде изграден на љубов“.
Децата на Брижит
Од претходниот брак со Андре-Луј Озиер, Брижит има три деца:
-
Себастијан Озиер (роден 1975) – експерт за медицинска статистика, со значајна кариера во истражување на пазарот.
-
Лоренс Озиер (родена 1977) – позната кардиологка.
-
Тифан Озиер (родена 1984) – адвокатка специјализирана за трудово право, која го поддржуваше Макрон за време на неговите претседателски кампањи.
Иако необична, приказната на Макронови е доказ дека љубовта не познава правила и дека вистинската посветеност може да ги надмине сите предизвици – дури и оние што ги носи животот под светлата на јавноста.