Еми наградите одложени поради штрајк во Холивуд

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Годинешното 75-то доделување на Еми наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и актерите во Холивуд.

Наградата, првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена во јануари, објави Лос Анџелес Тајмс во четвртокот навечер. Според магазинот „Варајети“, за одложувањето на церемонијата се информирани сите инволвирани во доделувањето на Еми, а наскоро се очекува и официјално соопштение. Сепак, не е одреден нов датум за церемонијата, изјави за AFP извор близок до наградите.

Холивудските актери и сценаристи моментално штрајкуваат, а тоа е прв штрајк на американската филмска индустрија во последните 63 години, пренесува „Бета“. Доколку штрајкот продолжи, сите холивудски ѕвезди би можеле да ја бојкотираат церемонијата на наградите Еми, што би било катастрофално за телевизиската публика.

Сценаристите исто така нема да можат да пишуваат текстови или шеги за домаќините на церемонијата.

Телевизијата Фокс, која требаше да ја емитува церемонијата во САД, наводно побарала доделувањето на наградите да се одложи до јануари, што ќе даде повеќе време за решавање на спорот со штрајкот.

Слични содржини