Емили Ратајковски конечно откри како правилно се изговара нејзиното презиме (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Емили Ратајковски долги години живее и работи во Америка каде изгради сериозна кариера како модел, а сега на многу фанови им ја откри конфузијата околу нејзиното презиме.

Таа на своите фанови им одржа лекција по полски јазик.

На прашањето како да се изговори нејзиното презиме на официјалната страница „Tory Burch“ на TikTok, 31-годишната манекенка не губеше време.

„Rat-ah-COF-sky“, рече таа во видеото, на што интервјуерот одговори со: „О Боже“.

@toryburch Replying to @emrata she’s right! We’ve got the receipts 🧾 #TikTokFashion #NYFW #ToryBurch #ToryBurchFW23 #EmilyRatajkowski ♬ original sound – Tory Burch

Емили, која претходно го опиша своето наследство како „полско-израелско“, додаде: „Јас сум Полјакиња. Така се изговара“.

Слични содржини