Емили Ратајковски позираше во бикини (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви своите следбеници со предизвикувачка фотографија. Таа лансираше своја модна линија, па сама позираше за реклама за својот бренд Inamorata.

Таа го основа брендот во 2017 година, а веќе во 2019 година „Daily Front Row“ ја прогласи за моден претприемач на годината.

Многумина ја сметаат Емили за модна икона поради нејзините необични комбинации. Сепак, манекенката неодамна се најде на удар на критики поради тоа што носеше фустан со длабоко деколте и странични шлицови.

„Ќе носам што сакам и ќе се шминкам колку сакам. Целта ми е да се чувствувам добро“, изјави тогаш Емили.

Да потсетиме дека Емили Ратајковски и комичарот Пит Дејвидсон раскинаа по помалку од два месеца врска. После тоа, манекенката беше видена со Орацио Рисп, а неодамна се појавија фотографии од неа и уметникот Џек Грир на кои се бакнуваат, додека за Пит се шпекулираше дека е во врска со колешката Чејс Сју Вондерс.

Слични содржини