Топ моделот Емили Ратајковски објави фотка на костим за капење од плажа, а до неа лежи
полничка девојка и разликата меѓу нивните фигури предизвикаа превирања во онлајн просторот.

Емили беше обвинета не само за изложување на нејзината пријателка, туку и за потсмевање на
жените со поголема килажа: „Ја објавиле оваа фотографија само за да покаже дека нејзиното тело
е поубав …“, напиша еден од нејзините следбеници.
„Каква личност треба да си за да ја подложиш својата другарка на такво понижување, и тоа
онлајн?“, коментираше друг обожавател.
Меѓутоа, се покажа дека двете жени се облечени во костими за капење, дел од колекцијата на
Емили и целта на сликата е да ги промовира своите модели, кои се погодни за сите облици и
форми.
Самата Емили побрза да одговори на „хејтерите“: „Го сакам телото на мојата другарка, и двете
мислиме дека таа изгледа одлично и дека е многу слатка нашата слика, на која ја добиваме тен.
Горда сум што таа го носи мојот костим за капење W. Различните тела се убави и се надевам дека
ќе го разберете тоа“.