Емили Ратајковски е спонзор на два кошаркарски клубови

од Nikola Popovski
304 прегледи

Емили Ратајковски, најпознатиот американски супермодел, спонзорира два тинејџерски кошаркарски тимови во мал ирски крајбрежен град, објави во петокот Би-Би-Си.

Во пресрет на новата сезона, Емили ги слушнала барањата на клубот „Бантри баскетбол“ во округот Корк, каде играат 15-годишници и 16-годишници и им купила нова опрема.

„Нејзината помош ја„ вжешти“ нашата група на Снепчет“, рече тренерот Пат Куран.

Тој додаде дека семејството на супермоделката, актерка и активистка веќе долго време е вкоренето во Бантри.

„Родителите на 30-годишната девојка имаат куќа во тој град, а нејзиниот татко Џон играше во кошаркарскиот клуб пред 20 години“, изјави Пат за Би-Би-Си.

Слични содржини