Светските медиуми пренесуваат дека Емили Ратајковски се разведува од сопругот Себастијан по четири години брак. Меѓутоа, сега манекенката за прв пат е видена во јавноста по гласините за развод и носеше бејзбол капа на која пишуваше нешто што може да се толкува на два начина.
Светски познатата манекенка и актерка Емили Ратајковски планира да се разведе од сопругот Себастијан Бур-МекКлард поради гласините за негово неверство. А денес манекенката се појави во Њујорк со својот едногодишен син Силвестер и носеше бејзбол капа која кажуваше се.
Заедно со нејзината едноставна црна маица и сукња, манекенката носеше туристичка капа Nick Fouquet Paris Tourist Cap (175 долари) на која беше извезена пораката на француски: „C’est n’importe quoi!“, што во превод значи „нема смисла“ или „ тоа е глупост/ѓубре“, известува „Страната шест“.