509
Емина Јаховиќ неодамна стави точка на тубулентната романса со турскиот бизнисмен Садетин Саран, но се чини дека убавата пејачка не тагува по крахот на нивната љубов.
Неколку недели откако го остави милијардерот, Емина нашла нов партнер. Имено, во прашање е нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, пишува Информер.
Атрактивната пејачка наводно се смирила со поранешниот сопруг, со кој има два сина, а за тоа се уште не зборуваат јавно.
– Решија да ѝ дадат уште една шанса на својата љубов – рекол извор на магазинот.
– Неодамна се виделе на вечера, за се поразговарале и сфатиле дека меѓу нив и понатаму постојат емоции – додал изворот.