Откако беше обелоденет фактот дека Мустафа пишува автобиографија во која се спомнуваат Емина Јаховиќ и тоа како „најважната жена во својот живот“, стигнуваат нови вести за некогашните сопружници.
Имено, како што пејачката открила во емисијата „Екслузивно“, таа со турскиот пејач ќе ја прослави новата година.
Емина и Мустафа, поради своите наследници Јаман и Јавуз, во топлината на семејниот дом ќе ги обележат празниците.
За потсетување, Јаховиќ вчера, го прокоментира тоа што Сандал во својата биографија спомнува и други жени.
– 14 години беше сконцентриран на мене и нашиот брак, и за тоа ќе пишува во книгата. Освен тоа, постојан и уште некои девојки кои биле во неговиот живот, па и за нив пишува. Во принцип тоа е тоа, но најголемиот дел од книгата го издвои за мене – истакнала пејачката со насмевка.