327
Емина Јаховиќ е во врска со милионерот Садатин Саран, кој пред извесно време ја изневерил со турската актерка Јелиз Шар. Пејачката тоа го прости и повторно се врати во прегратките на Саран.
Но, според турските медиуми, со причина оваа прошка ја дала толку лесно. Наводно, дури и таа има тајна врска, а се спомнува името на кошаркарот Ибрахим Кутлај.
Кутлај е добар пријател со братот на Емина, со кого заедно тренирале кошарка. Сепак, многумина сметаат дека таа и Кутлај се само пријатели од детството и дека нема никакви докази, ниту пак веројатност да се во тајна љубовна врска.