Емисиите на цврсти честички од Макстил три пати пониски од дозволените гранични вредности

од Nikola Popovski
185 прегледи

Мерењата на емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се во постојано опаѓање и за трипати пониски од дозволените гранични вредности. Ова се потврдува во секој квартален извештај што го објавува компанијата, а истото се покажа и во резултатите од мерењата за третиот квартал од годинава.

Мерењата се спроведуваат на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи. Параметрите и вредностите според кои се прават мерењата се соодветни на параметрите од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во овој период на мерната точка „Оџак на пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3, најниска вредност е измерена во август и изнесува 4,83 mg/Nm3, а највисока во јуни со измерени вредности од 11,91 mg/Nm3 што е една третина од граничната дозволена вредност. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е во април и изнесува 0,15 mg/Nm3, а највисоката е во февруари со 7,82 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3 и највисоката измерена вредност повторно е една третина од граничната. Вредностите на емисиите од двата оџаци на Макстил се пониски и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Континуираното намалување на емисионите вредности е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за унапредување на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата за заштита на животната околина.

Во продолжени на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот од јануари до септември, 2023 година.

Слични содржини