602
Македонскиот претставник на овогодинешното евровизиско издание, Васил Гарванлиев по неколку дневната сага околу нејаснотиите во видео записот, но и интервјуто дадено пред минатогодишното издание на Евровизија, одлучи да и се обрати на јавноста.
Тој на својот инстаграм профил, објави видео во кое објасни што се случило, и зошто била направена како што вели, ненамерната грешка во видео записот, но го образложи и интервјуто, за кое исто така јавноста се крена на нозе, а се однесуваше на поседот на бугарско државјанство.
За крај, вели: „Сите ќе пробаат да те скршат и соборат, без да знаат дека тоа е прави посилен, да продолжиш на патот кон успехот“.
View this post on Instagram