Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ стана вирална на социјалните мрежи кога се појави емотивно видео во кое ѝ ветува на мајка на болно дете дека ќе плати за неговото лекување.
Имено, Цеца дошла да посети момче на кое му се допаѓаат нејзините песни и во таа прилика дознала дека детето боледува од тешка болест, како и дека неговото семејство нема средства за лекување.
@rodoljublje_srb #foryou #beograd #beogradskisindikat #srbijatiktok #srbijatiktok🇷🇸 #srbija🇷🇸 #cecaraznatovic ♬ original sound – Rodoljublje_srb
„Кои ресурси се потребни за тоа?“, праша Ражнатовиќ, а откако мајката на малиот ѝ одговори дека лекувањето чини 19 илјади евра, Цеца рече:
„19 илјади евра? Па, јас ќе ви помогнам. Ќе ви ги дадам тие пари. Не ни знаев дека тоа е воопшто можно“.
По нејзините зборови мајката почнала да плаче, а на работ на солзи била и пејачката:
„Ве молам немојте, таман работа. Само да постои лек. Ќе ме расплачете, немојте ве молам“, вели Цеца која на крајот сепак не можеше да ги задржи солзите.