Енергоатом: Русите го напуштија Чернобил, останаа малку војници

од Nikola Popovski
310 прегледи

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом денеска соопшти дека најголемиот дел од руските војници кои наводно ја окупирале нуклеарната централа Черобил го напуштиле местото и дека останале „мал број“ војници.

На почетокот на нападот на Украина, руската армија го освои Чернобил, додека вработените во изгаснатата нуклеарна централа останаа да работат уште три недели, додека не беа заменети.

Енергоатом информира дека работниците претходно изјавиле дека руските сили планираат да ја напуштат територијата, пренесе Ројтерс.

„Потврдена е информацијата, а тоа е дека окупаторите, кои ја освоиле нуклеарната централа и другите објекти во забранетата зона, тргнале во две колони кон границата со Белорусија“, се вели во соопштението.

Се додава дека таму останале помал број руски војници, но не се прецизира колку, ниту се откриваат повеќе детали.

Руската армија се повлече и од блискиот град Славутич, каде што живеат работници од Чернобил.

Слични содржини