Сите шест реактори на нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина се уште се исклучени од украинската електрична мрежа, соопшти државната нуклеарна компанија „Енергоатом“.
Украинските власти вчера објавија дека последните два реактори, од вкупно шест, во нуклеарната централа Запорожје биле исклучени поради пожар и оштетени далноводи, што ги зголеми стравувањата за можна несреќа бидејќи централата за прв пат била исклучена од украинската електрична мрежа, пренесува „Ројтерс“.
„Акциите на окупаторите доведоа до целосно исклучување на нуклеарната централа од електродистрибутивната мрежа, за прв пат во историјата на таа електрана. Три далноводи на нуклеарната централа беа оштетени малку порано за време на терористичката акции на руските сили“, соопшти „Енергоатом“.