Ени Ленокс ги донира рачно напишаните стихови на Sweet Dreams за хуманитарниот апел во Газа

Добротворната организација Medical Aid for Palestine е организатор на хуманитарната аукција Cinema For Gaza со низа уникатни донации од познати личности од светот на музиката, филмот и на телевизијата.

од Бети Божиноска
245 прегледи

Шкотската пејачка Ени Ленокс ги донираше рачно напишаните стихови од хитот Sweet Dreams на Eurythmics од 1983 година за хуманитарната аукција на која се собираат пари за медицинска помош за Газа, пренесува шкотски „Нејшнел“.

Добротворната организација Medical Aid for Palestine е организатор на хуманитарната аукција Cinema For Gaza со низа уникатни донации од познати личности од светот на музиката, филмот и на телевизијата.

Освен стиховите на Ленокс, луѓето можат да наддаваат за едночасовен разговор на „Зум“ со Луи Теру, за приказна пред спиење од Тилда Свинтон или за потпишан примерок  од неовата, необјавена книга на Френки Бојл.

Во описот на донацијата на Ленокс пишува: „Ени Ленокс е една од најпрепознатливите, легендарни и најинспиративните гласови што Шкотска некогаш ги создала.

„И со Eurythmics и како соло уметник, нејзината музика продолжува да одекнува низ целиот свет и сега таа почна да пишува за оној што ќе даде највисока понуда, великодушно донирајќи белешка со рачно напишаните стихови на безвременскиот хит Sweet Dreams. Вистински сон“.

Во моментов, највисоката понуда за стиховите на Ленокс изнесува 4300 фунти. Самата аукција досега собра повеќе од 60.000 фунти, а целосниот каталог на аукциите е достапен на веб-страницата Cinema For Gaza.

Слични содржини