Ени Ленокс: Пиродно стареам, не сум роб на убавината

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

Легендарната пејачка на популарната група „Јуритмикс“ неодамна се огласи на Инстаграм за да му одговори на корисникот кој објави нејзина фотографија со прашањето „дали луѓето ја препознаваат личноста на фотографијата“.

По повод еден необичен твит, Ени Ленокс се огласи на социјалните мрежи и го пофали твитерџијата кој го започна трендот споделувајќи ја нејзината фотографија и прашувајќи ги корисниците која е таа.

Поранешната пејачка истакна дека не е роб на стандардите за убавина, дека старее, но и дека знае да се налути.

Одговарајќи на твитот на Џејсон Стримур, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија во сосема природно издание со одговор:

„Здраво, Џејсон. Трендот на Твитер го започнавте со тоа што прашавте која е личноста на сликата, на која сум јас. Дали ја гледате разликата помеѓу личност во маскирна облека и растенијата. Стареам, но сè уште знам да се налутам. Испраќам благослов и љубов“.

Покрај пораката до Џејсон, таа објави и селфи на кое позира во камуфлиран горен дел и очила со проѕирна рамка додека стои покрај зелените лисја.

Слични содржини